Мисајловски: Изборната програма најобемна, проекти за сите граѓани

 

ВМРО-ДПМНЕ е партија која е постојано со граѓаните и ние во овој период финишираме со правењето на изборната програма, која ќе биде најобемната досега, истакна Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната средба со граѓаните во општина Василево.

Според него, најголемиот број проекти доаѓале токму од средбите со граѓаните.

- Се работи за проекти од инфраструктурата, градинки, болници, се она што ние како Влада може да го помогнеме. Многупати сме кажале дека треба да одиме со позитивна енергија, треба позитивни проекти да и се случуваат на Македонија и затоа сме на терен. Не треба да има дефокусирање од она што навистина им треба на граѓаните, а тоа се проектите, а не мрачни сценарија, кој никој во Македонија не ги заслужува, истакна Мисајловски. 

Според него, развојот на економијата е приоритет и еден од најважните сегменти. За успехот на тоа поле зборува и последниот извештај од Дуинг бизнис, што според Мисајловски, е признание за напорите на Македонија да биде конкурентна со другите држави во привлекување на инвестиции.

- Општина Василево има голем број инвеститори, домашни и странски. Таа е можеби една од ретките општини што ги има продадено сите парцели во индустриските зони. Затоа мора да продолжи поддршката за отворање нови работни места и министерството да поддржува оттуѓување нови градежни парцели за да стигнеме до секој човек кој нема работа, да може да добие и да му се овозможи квалитетен живот, рече Мисајловски. 

 
 
27.10.2016 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега