Британската парламентарка Гилан: Македонија со одлични економски резултати и успех во намалувањето на невработеноста

Британската пратеничка, Шерил Гилан по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ја истакна британската поддршка за членство во НАТО алијансата и ги поздрави позитивните економски резултати на државата.

„Се надевам што побрзо да и посакаме добредојде на Македонија во семејството на НАТО. Пред неколку години кога прв пат сретнав со премиерот Груевски работејќи во Европската банка за обнова и развој, бев импресионирана за неговите планови во економијата и она што сакаше да го направи на планот на намалување на невработеноста. Задоволство ми е што имав прилика да се сретнам повторно во Велика Британија и да чујам за неговите успеси во економијата и особено што успеа да ја намали невработеноста од огромни 38 проценти, на 24 проценти. Сите знаеме дека тоа е важно за сите граѓани. И се надевам дека ќе биде успешен и во иднина помагајќи да се забрза економскиот развој. Трговската размена е добра со Велика Британија, и имам одлични очекување за иднината. Во поглед на НАТО, македонските трупи се рамо до рамо во мисиите со војниците на НАТО и тоа е добро за иднината на државата и целта за членство во НАТО“ – изјави Гилан.

 
 
27.10.2016 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега