Официјално: Трајанов и Кекеновски тргнаа во избрната тргка без Љубчо и Љубе

 

Павле Трајанов и Јове Кекеноски тргнаа во изборната трка без Љубчо Георгиевски и Љубе Бошковски. Од партијата преку писмено соопштение информираа дека веќе е формиран Централен изборен штаб и договорено било да се забрзаат предизборните активности

„Коалицијата за Промени и Правда (ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО-РАБОТНИЧКА ПАРТИЈА), вчера вечер одржаа средба на која го формираа Централниот изборен штаб, со кој ќе раководи Драгана Букилица.

Договорено е да се забрзаат сите активности околу претстојните избори и да започне постапката за предлагање на кандидати за пратеници.

Коалицијата за Промени и Правда ја утврди и Предлог -изборна програма која ќе биде презентирана на граѓаните во текот на изборната кампања, во која приоритет се дава на економскиот развој и стандардот на граѓаните.“ – велат од коалицијата.

Од таму додаваат дека се отворени за соработка.

„Во врска со окрупнувањето на Коалицијата со други партии, остануваме отворени за соработка но на принципиелни програмски определби: Промена на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, системски промени и одговорност за креаторите на кризата, силна борба против корупцијата и долгорочна стабилизација на државата.

 

Коалицијата за Промени и Правда се определи за позитивна предизборна кампања и ќе даде свој придонес кон создавање на услови за фер, демократски и кредибилни избори.“ – стои во соопштението на коалицијата.

 
 
26.10.2016 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега