ИД користи најмалку 550 семејства како жив штит

Советот на Обединетите нации за човекови права соопшти дека Исламска држава принудила најмалку 550 семејства да се преселат од села во околината на Мосул во градот, за да ги спречи да избегаат.

Портпаролката на ОН изјави дека постојат информации дека цивили од населени места во околината на градот се држени во близина на позиции на ИД, при што изледа дека тие се користат како жив штит.

Советот на денешната вонредна седница во Женева посочи исто така дека ги истражува податоците за убиствата извршени од ИД врз 40 цивили во село покрај Мосул.

 
 
21.10.2016 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега