Спасов: Граѓаните ќе ги казнат детруктивните политики на СДСМ

Диме Спасов од ВМРО-ДПМНЕ денес беше во посета на Жданец и Трнодол каде остври средба со граѓаните и од каде ја испратија пораката дека е дојдено времето за крај на кризата.

-Дојде време да ставиме крај на обидите за дестабилизација на Република Македонија, да ставиме крај на обидите за запирање на напредокот на државата. Изминатите 10 години нашата држава бележи исклучително позитивни резултати во сите сегменти и аспекти од опшественото живеење, истакна Спасов.

Тој додаде дека невработеноста е на најниско ниво во историјата на независна Р.Македонија.

spasov-zdanec

-Само во Скопје невработеноста е намалена за 49 проценти. Ако во 2006 имаше околу 84.000 невработени лица, денес има само 43.000 невработени лица. Исто така и просечната плата е значително зголемена. Во 2006-та година просечната плата изнесуваше 13.700 денари, денес истата изнесува 22.300 денари што е зголемување за над 63 проценти. Тоа се показатели за успешните политики на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, наспроти деструктивните политики кои ги води СДСМ. Токму поради тоа граѓаните ќе ја дадат довербата за ВМРО-ДПМНЕ и ќе ги казнат деструктивните политики кои ги води СДСМ, вели Спасов.

 
 
21.10.2016 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега