Следи продолжен викенд - какво време нѐ очекува?

Како и денеска, така и утре кога започнува продолжениот викенд, дождот повторно ќе се дружи со нас.

Во Македонија во петок во утринските и претпладневните часови умерено облачно време со повремени сончеви периоди, попладне и навечер нестабилно со локални врнежи од дожд, максималните дневни температури ќе достигнат до 10 односно до 17 степени.

Во сабота умерено облачно време со сончеви периоди, попладне во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно со локални врнежи од дожд и температури од 13 до 20 степени. Во недела во Македонија умерено облачно време со сончеви периоди и идентични температури од 13 до 20 степени.

Во понеделник претежно сончево со локална облачност и потопло време со максимални температури кои ќе достигнат до 16 односно до 14 степени.

 
 
21.10.2016 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега