ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ има право да очајува, кај граѓаните не проаѓаат измислиците и некрофилските манипулации

Очај и паника за кои лекот ќе пристигне на 11-ти декември – вака може најдобро да се опише расположението во СДСМ со секој ден со кој сме поблиску до изборите и до одговорот од народот за кризата во која СДСМ ја фрли Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на владејачката партија

СДСМ има потполно право да паничи и да очајува. Знае СДСМ дека кај граѓаните не проаѓаат измислиците и некрофилските манипулации од нивните индустриски зони за афери. Но, бидејќи СДСМ не знае ништо освен да лаже, лагата им останува последниот сојузник пред големиот пораз на изборите кои доаѓаат.

СДСМ лажеше дека нема да се изгради новата гинеколошка клиника во Скопје. СДСМ еднаш дури и одржа прес-конференција пред новата гинекологија на која тврдеше дека таа не постои и дека не се инвестирало во здравството. Трагикомично и апсурдно.

СДСМ тврдеше и излажа дека нема да се изгради Детската болница во Козле. Потполно истата шема на делување ја имаше и кога лажеше дека нема да се изгради ПЕТ Центарот. Впрочем, за секоја најавена инвестиција во здравството, СДСМ наместо да ја поздрави бидејќи е од корист за граѓаните, решава да тера црни кампањи кои паѓаат во вода континуирано.

СДСМ знае дека ВМРО-ДПМНЕ го реализира она што ќе го вети и дека го завршува она што ќе го почне. Но наместо да поздрави што во Штип се гради голем медицински центар, или дека во Скопје реалност ќе биде Новиот клинички центар како круна на низата инвестиции во здравството, СДСМ повторно по стоти пат се обидува своите лаги да ги пласира како вистина. Не стануваат лагите вистина, макар СДСМ ги кажал и илјада пати.

Тоа што СДСМ има против сериозните вложувања во здравството и борбата за подобри услови за пациентите и подобра нега и заштита, само се вклопува во периодот во кој СДСМ имаше власт а од инвестиции во здравството се знаеше само за стентовите кои беа продавани под маса и за ѓерданите кои министрите на СДСМ им ги купуваа на своите колешки.

Затоа е СДСМ во опозиција веќе 11-та година и таму и ќе остане по изборите. Граѓаните знаат да одберат и да му пратат уште еднаш одговор на СДСМ: со некрофилија, измислици и деструкција не се доаѓа на власт. Казната за СДСМ е неизбежна и доаѓа.

 

 
 
21.10.2016 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега