Прослава за која сите зборуваат: Брена го прослави својот роденден со невиден спектакл

Најголемата балканска ѕвезда на сите времиња синоќа официјално ја доби наградата за животно дело во сараевски Зетра. Во преполната сала, на прославата на 25-годишнината од компанијата „Аваз“, Брена во спектакуларен стил го прослави својот 56. роденден.

На воодушевување од бројните фанови, на сцена слезе од небо! Со помош на специјални сајли за кои беше закачена пејачката, таа пеејќи се симна облечена во долг црн фустан. Следуваше громогласен аплауз и спектаклот почна.

Пејачката испеа 16 песни, а сараевската публика на бина и го донесе транспарентот на кој пишуваше „Сарево те сака, среќен роденден“ кој пејачката го нагрна. Целата хала ја пееше гласно роденденската песна, а прославата потоа е продолжена во еден ресторан.

Наградата зза животно дело Брена ја доби од челниците на компанијата „Аваз“, а таа им се заблагодари и на нив и на публиката за величествениот пречек и можноста што оваа прва награда од овој тип ја прима токму во Зетра за својот роденден.

 
 
21.10.2016 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега