Пожар во Центарот за азиланти во Стокхолм

Во Центар за азиланти во главниот град  на Шведска, Стокхолм минатата ноќ се случи пожар за кој се претпоставува дека е подметнат, изјави портпарол на стокхолмската полиција.

Тоа е втор ваков инцидент за една седмица во околината на Стокхолм.

- Сигналот за пожар се слушна в раните утрински часови, откако персоналот ја забележал специфичната светлина и звук и покрај зградата. Истрагата за немилиот настан е во тек. Не може туку-така да пламне оган вон зградата, сам од себе, рече полицискиот портпарол.

Нема податоци за жртви и повредени.

 
 
21.10.2016 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега