Прекршочна пријава за напаѓачот на новинарот на Телма

 

Во Скопје на улицата „Димче Мирчев“ пред главната капија на Министерството за внатрешни работи, синоќа околу 21 часот и 20  минути, 29-годишниот Б.П. од Скопје, вработен како новинар во ТВ Телма, бил физички нападнат од страна на 32-годишниот К.П. од Скопје.

МВР денеска соопшти дека новинарот повеќепати бил удиран со раце и нозе во пределот на главата и телото и му биле нанесени видливи повреди.

К.П. бил приведен во Полицијата во Центар и по целосно расчистување на случајот поднесени му се прекршочни пријави по член 6 и член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. 

 
 
21.10.2016 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега