Тој има 97 сопруги, 107 пати се женел и 10 пати се развел: „Се уште сум жив и ќе се женам повторно!“
Доаѓа од Нигерија, има 92 години и вкупно 97 сопруги. Неговото име е Мохамед Бело Абубакар и е најпознатиот полигамист не само во Нигерија, туку и во светот.
Иако има 97 сопруги, тој не мисли дека е доста. Вели дека се чувствува многу жив и дека повторно ќе се жени.
Оваа контроверзна личност живее во Биди, а за многу бројните бракови тврди дека Бог тоа го барал од него.
До сега има склучено 107 бракови, а сури 10 пати се развел. Пред извесен период локалните медиуми објавија дека е починал по кратка болест.
-Драги мои, јас сум жив, здрав и полн со енергија. Гласините се шират бидејќи луѓето се љубоморни на мене. Она што јас го правам е свето, тоа ми е задача дадена од Бог и јас ќе ја исполнам д крај, објаснува тој.
Ги надживеал најголем број од своите 185 деца
Абубакар има сопствено толкување на Коранот, па според него светата книга на муслиманите не наметнува ограничувања.
Во 2008 година е уапсен, според лојалниот шерјатски суд. Пуштен е од затвор но под услов да се разведе од сите освен од 4 сопруги. Дел од муслиманските толкувања на Коранот, дозволуваат маж да има најмногу 4 жени.
Но, по се изгледа дека не го почитува тоа.
-Имам 97 жени и ќе продолжам да се женам додека сум жив, вели тој.
Инаку, Абубакар ги има надживеано најголем број од своите 185 деца.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа