Крвава тепачка во дискотека во Гостивар

Поднесена е кривична пријава против 33-годишниот Б.Г. и 34-годишниот М.Г. од Гостивар поради тешка телесна повреда.

Во 03 часот по полноќ во Гостивар на улицата „Живко Брајкоски“, пред угостителски објект, биле нападнати Д.Д.(36) и З.С.(33) од Гостивар кои биле обезбедување на објектот. Поради тоа што не му дозволиле влез на М.Г. настанала вербална расправија, а откако истиот го повикал неговиот брат Б.Г. настанала тепачка во која со тешки телесни повреди се здобил Д.Д. а додека со телесни повреди се здобил З.С.

 
 
21.10.2016 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега