Му ја запалиле куќата: Штипјанец едвај спасил жива глава

Пожар избувнал утринава во куќа во Штип. Според пријавата, во 02 часот и 30 минути во полиција 42-годишниот И.М.  пријавил дека на улицата „Железничка“ во во куќа сопственост на С.П. настанал пожар. Целосно била изгорена една соба и од извршениот увид постојат основи на сомнение дека пожарот бил подметнат.

Поради болки во градите сопственикот на куќата бил хоспитализиран  во Клиниката во Штип, каде ќе биде задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
21.10.2016 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега