Гостиварчанец почина во големи маки: Го затрупала земја

Околу 11  часот во селото Форино-гостиварско, дошло до несреќен случај во кој при поставување на канализациони цевки во ископ на канал на длабочина од околу 170 см, дошло до одрон на земја при што бил затрупан 64-годишниот М.М. од селото Вруток.

Истиот починал на лице место.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од полицијата.

Телото на починатиот е дадено на обдукција.

 
 
21.10.2016 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега