Ова бебе поради ретко генетко пореметување е родено без нос: Еве како изгледа денес после повеќе од десет операции (ФОТО)

Шанса бебе да се роди без нос е 1 спрема 197 милиони. Но, сепак постои. Едно од најубавите чувства на светот е ког аќе дознаете дека ќе бидете родители. Тогаш целиот ваш свет се менува.

И МекГлатери била меѓу нив, била трудна и возбудена, чекајќи го големиот ден. 4 мај 2015 година Илај Томпсон дојде на свет, но имал голем проблем, немал нос.

Ваквата состојба се нарекува конгенитална архинија и до сега пријавени се само 47 случаји во светот. Лекарите не знаеше што да прават понатака. Но, потоа се случило нешто во што не можеле да веруваат.

Проблемот бил што новороденчето не можело да дише и да јаде истовремено. Поради тоа морало да помине низ процес на трахеотомија. Тоа било само почеток на операции низ кои морало да помине.

„Илај мораше неколку седмици да помине на интензивна нега“, вели неговата мајка и додала: „Морав да се враќам во болница уште неколку пати поради неговата состојба. Се очекуваше дека не секои година - две ќе мора повторно да оди на операција“.

Ја запознавме Теса Еванс која е родена во Ирска и која пати од истиот проблем. Во јуни 2015 Теса беше прво дете кое пројде хирушки зафат кој би и дал нов нос. Но операцијата е доста комплицирана.

Кожата на Теса постепено ја истегнувале со помош на протези кои би одговарале за нос. После тоа на неколку години протезата би се менувал, по што полека би и израснал нов нос. Илај исто така ќе помине низ оваква операција.

„После долг разговор, солзи и молитви, конечно имаме план за Илај“, изјави неговата мајка.

Ова мало момче докажа дека ако нема нос не значи дека не може да го има најслаткото лице на светот.

Тој и Теса се најдобар доказ дека ако сте различни не значи дека не сте убави.

 

 

 

 
 
21.10.2016 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега