Малата Лидија е родена со белег на лицето и децата се шегуваат со неа - нејзиниот одговор ќе ве воодушеви

Лидија е родена со белег на лицето. Нејзините родители отсекогаш ја штителе од злите погледи и коментари, но сега кога таа оди во градинка мора да се заштити самата. Лидија тоа го прави на невообичаен и несекојдневен начин.
 
Мајка и еден ден ја однела во градинка и приметила дека децата ја гледааат и коментираат. Била свесна дека тоа е поради белегот на лицето на Лидија.
Тој ден состојбата била уште полоша, бидејќи ја однела својата ќерка во градинка веднаш по третман кој и е препишан поради состојбата на нејзината кожа. Целата нејзина лева страна на лицето и била црвена и помодрена од вообичаено.
 
Мајката на Лидија здогледала едно дете кое страшно гледало во нејзината ќерка и коментирало со останатите деца.
 
Била исрена кон нејзината ќерка и и рекла на Лидија да одат дома доколку не сака да биде изложена на понижување.
 
Сепак реакцијата на Лидија била несекојдневна и невообичаена.

Таа не плачела и не избегала од проблемот. Ја кренала главата и поминала кон децата кои ја озборувале, извадила книга од тобрата “Sem’s Birthmark” (Белегот на Сем) и ја замолила наставничката да им ја прочита на децата.

- Ме воодушеви однесувањето на мојата ќерка. Таа е многу позрела од децата на нејзина возраст. Во суштина, нејзината ќутливост и нејзината смиреност може да се мери со зрелоста на возрасните - напишала гордата мајка на Фејсбук.

 
 
21.10.2016 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега