Охрид: Втора жртва на страшната сообраќајка - почина патникот од такси возилото

Почина и совозачот во такси возилото кое пред неколку дена се судри со полицаецот моторциклист кај Оровничка плажа.

39 годишниот охриѓанец им подлегна на повредите утрово во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо Охрид. Тој со такси возило патувал од Охрид до Струга кога на 15 октомври вечерта се случи кобната несреќа кај Оровничка плажа. 

Во сообраќајката почина и 26 годишниот полицаец Александар Стојаноски од селото Горенци. 

Изминативе неколку месеци во охридско се случија повеќе сообраќајни несреќи а загинаа четворица моторциклисти. 

 
 
21.10.2016 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега