Миноски: Земјоделското производство ќе се стимулира со бројни мерки
ВМРО-ДПМНЕ како партија на народот секогаш е помеѓу народот со цел да ги слушне проблемите и да ги даде своите предлози за нив за следните парламентарни избори. Интензивно работиме на комплетирање на програмата, истата ќе биде најсеопфатна со голем број мерки меѓу кои и креирањето на нови работни места, инвестициите и благосостојба за граѓаните, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Миноски по денешната средба со граѓаните во Брвеница.
-Со оглед дека сме во населено место во кое голем дел од населението се занимава со земјоделство, како и во изминатиот временски период во кој инвестиравме повеќе од 8 милиони евра поддржувајќи го земјоделение преку бројни мерки, и во следниот период ќе имаме голем број мерки со кои ќе се стимулира земјоделското производство кое ќе биде извозно ориентирано, истакна Миноски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа