ДПА достави предлог за прекројување на изборните единици
Демократската партија на Албанците предпладнево достави предлог до Собранието со кој се предвидува, разликата меѓу бројот на гласачи во изборните единици, сегашните пет проценти, да се намали на само еден процент.
Доколку се усвои тоа ќе значи отворање потреба за прекројување на сите шест изборни единици на територијата на Македонија.
Предлогот се очекува да се најде пред пратениците на денешната седница на која се очекува распуштање на Собранието. Според неофицијални информации кај мнозинтвото нема расположение за прифаќање на предлогот на ДПА.
17.10.2016 - 12:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа