Регулаторна одлучува: Од утре значително поскапување на горивата во Македонија

Значително поскапување на горивата може да се очекува од утре, ако се земат предвид ценовните движења во последните две недели. За 14 дена, цената на суровата нафта на светските берзи стана за над 6 долари поскапа во однос на просечната цена која Регулаторната комисија за енергетика ја пресмета за овие две недели.
Во моментов барел сурова нафта на берзата во Лондон се тргува за 52,64 долари, а пред две недели цената изнесуваше 46,6 долари.
Тоа е поскапување за над 11%.
Во домашни услови, тоа значи дека извесното поскапување кое регулаторите треба да го објават во понеделник ќе биде значително. Не треба да биде изненадување доколку горивата поскапат и за 5 денари по литар.

 
 
16.10.2016 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега