СИТЕЛ: До крајот на месецот ќе се бира концесионер за гасификација на скопскиот, западниот и источниот регион

Граѓаните на  Македонија покрај постојните начини на затоплување на своите домови во иднина ќе може да го користат и природниот гас како една од алтернативите . На влада помина одлуката за отпочнување постапка за изградба на дистрибутивната мрежа со подобрени услови кои ќе го направат самиот проект поатрактивен за пронаоѓање на инвеститори по пат на јавно приватно партнерство а до крајот на овој месец ќе се избира концесионер за скопскиот,западниот и источниот регион во земјава.

Покрај домаќинствата многу значајно е на гасификацијата да се приклучи и индустријата .

Се предвидува зголемување на концесијата од 20 на 30 години како и да се намали цената за приклучување кон гасоводот за домаќинствата од 100 на 80 евра.

 
 
12.10.2016 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега