Утринските температури паѓаат по нулата - еве кога ќе истури од врнење

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, кој в долж Повардарието повремено ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до осум, а дневната од 16 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

Во наредните денови следува стабилно и суво време. Од недела попладне повторно се очекува зголемување на облачноста и врнежи од дожд. 

 
 
12.10.2016 - 17:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега