Турција ги поттикнува бизнисмените да инвестираат во Грција

Министерството за економија на Турција ги поттикнува турските бизнисмени да ги искористат инвестициските можности во Грција и да инвестираат во оваа земја, објави весникот „Хуриет Дејли Њуз“.

Според весникот, Министерството испратило инфракции до стопанските комори во Турција, во кое се објаснуваат можностите за инвестирање во Грција, која презема напори за надминувања на сериозната економска криза.

Во дописот се наведува дека Министерството подготвило список со 300 потенцијални проекти за инвестирање во различни сектори, како туризмот, недвижностите или прехранбената индустрија. Вредноста на секој од потенцијалите проекти е по околу два милиони евра.

Како посебно интересно место за инвестирање на турските бизнисмени, Министерството го посочува островот Крит. 

најчитано сега