Дај ми ги парите или ќе те убијам - драма во Скопје

Вооружен напад во трафика во Скопје.Вчера  во 21.05 часот во полициската станца во Скопје се јавил Б.Д. и пријавил дека во Скопје на ул.„Ѓорче Петров“, во трафика во која тој е вработен, непознато маскирано лице му извршило разбојништво во обид. Сторителот со закана со нож му побарал пари на Б.Д. и успеал да му нанесе неколку гребнатини во пределот на лицето. Откако Б.Д. му се спротивставил, сторителот не успеал  да одземе ништо, побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 
 
11.10.2016 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега