СИТЕЛ: Дадениот збор се исполнува, Костал почнува со работа

На церемонијата на ставањето во погон на производствениот капацитет на „Костал“ во Охрид приуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој меѓу другото истакна дека се работи за реализација на едно од ветувањата дадено кон граѓаните на Охрид, за отворање нови работни места.

- Ова е едно од нашите залагања, да се донесат нови компании што ќе отворат нови работни меса во Македонија. Тој процес успешно се одвива и не е случајно што стапката на невработеноста изминатите десет години постојано опаѓа. Во изминатиот период од десет години секој квартал имаме опаѓање на невработеноста, од 38 на некаде 24 проценти, рече Груевски.

 
 
10.10.2016 - 21:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега