ФОТО: Лазаров стигна во новиот дом во Барселона

За прв пат по потпишувањето на договорот, нашиопт најдобар ракометар Кире Лазаров пристигна во Барселона неговиот нов дом. Тој ќе живее во местото Гава Мар покрај море, место кое што се наоѓа на само неколку километри од центарот на каталонскиот град. Лазаров има период од два дена да се смести и да се подготви за новите предизвици. Тој подолг период тренира во Скопје и Дубровник. Неговиот прв предизвик ќе се случи во понеделник утрото во 08:00 часот кога ќе треба да ги помине лекарските прегледи и кога ќе го одржи првиот тренинг. Потоа се сели во Андора каде ќе ги продолжи подготовките. Неговото деби ќе се случи на 15 август кога ќе заигра во Каталонскиот Суперкуп. 

ФОТО: Курир