Пожарот кај Атина ставен под контрола

Шумскиот пожар што изби вчера во регионот меѓу Мркопулос и Порто Рафти беше ставен под контрола. Пожарот избувна на само 20 километри источно од Атина а како што пренесоа од грчката противпожарна служба, немало опасност од натамошно ширење. Во акцијата за гаснење учествуваа четири авиони 20 хеликоптери и 30 противпожарни возила. Засега причините не се познати за негово избувнување, но не се исклучува можноста истиот намерно да бил подметнат. 

 

најчитано сега