Заминаа во смрт држејќи се за рака: Осамен гроб ја крие најтажната приказна

На гробиштата во Крагуевац, во гроб без плоча, каде има само крст, почиваат во мир бездомниците и непознати лица, а меѓу нив се наоѓа гроб кој ја крие најтажната приказна.

89-годишниот Драгослав и 87-годишната Верица Јермиќ починале во 2012 година, но се доказ дека вистинската љубов постои. Шест децении ги поминале во брак, а починале во ист ден и заедно почиваат во мир. На Верица и се слошило, паднала и починала, а од тага и нејзиниот сопруг починал до неа. Соседите по неколку дена ги виделе на подот на семејсната куќа како се држат за рака.

Тоа е приказната која кружи во Крагуевац за љубовта која ни смртта не можела да ја раздели. Верица била пензионирана учителка, а нејзиниот сопруг општински службеник.

Неколку дена пред смртта таа доживеала инфаркт, а тој продолжил да се грижи за неа. Српските Ромео и Јулија биле заедно погребани.

 

 
 
09.10.2016 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега