Србија го изгласа договорот за нормалиирањее на односите со Косово

 

Српскиот парламент синоќа со големо мнозинство го одобри договорот за нормализирање на односите со Косово.

Сите големи партии го поддржаа договорот. „За“ договорот гласаа 173 пратеници, а 24 се изјаснија „против“.

Нормализирањето на односите со Косово беше услов од Европската унија за Србија на нејзиниот интеграциски пат.

Пред гласањето премиерот Ивица Дачиќ го повика Парламентот да го поддржи договорот за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово, постигнат во Брисел со посредство на ЕУ, предупредувајќи дека неговото отфрлување ќе ја претвори земјата во „европска Северна Кореја“.

Дачиќ беше  исвиркување од пратеници од Демократската партија на Србија, кои се против договорот, но и со бурни овации.

Пред почетокот на дебатите, неколку стотини приврзаници на крајнодесничарските движења „Наши“, „Двери“ и „Образ“ пртестираа пред зградата на Парламентот. Тие скандираа „Косово е Србија“ и ги нарекоа пратениците од главните политички партии „предавници“. На протестот се придружи  и Српската радикална партија.

Белград и Приштина минатиот петок постигнаа договор по повеќе од две години преговори со посредство на ЕУ. Во понеделникот Европската комисија препорача ЕУ да почне преговори за членство на Србија во Унијата и за потпишување на Спогодба за стабилизација и асоцијација во Косово.

Косовскиот парламент го одобри договорот во понеделнико

најчитано сега