Пишев до Заев: Немаш проекти, немаш доверба од народот- само лажни ветувања и аболиција за криминал

 

Зоран Заев знае само да ветува без воопшто и да помисли истото да го оствари, тоа е карактеристика на луѓе кои не се држат до зборот и немаат кредибилитет, рече пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Васил Пишев на денешната прес конференција која ја одржа на локацијата каде градоначалникот на Струмица Зоран Заев ветил дека ќе се гради мултифункционален пазар, а засега нема ништо.

-Аболицираниот Зоран Заев знае само да ветува без воопшто и да помисли истото да го оствари. Тоа е карактеристика на лажговци кои не држат до зборот и кои немаат образ и кредибилитет. Еве денес сме на локацијата каде што Зоран Заев ветуваше дека ќе гради, а се уште нема ниту камен на камен ставено, рече Пишев.

Пишев нагласи дека Заев на локалните избори во 2013 година вети изградба на нов мултифункционален пазар , кај поранешната Касарна на површина од 15.000 м2.

-Почитувани овде нема ни пазар ни ништо. Ова е уште еден доказ дека Заев го загуби кредибилитетот. Зарем човекот кој не може да реализира проекти во Општината каде е градоначалник има образ да ветува проекти на државно ниво? Но очигледно камиказа политичарот Зоран Заев, аболициран за тежок криминал има ѓон образ. Нема бегање Зоране, казната од народот ќе те стаса. Немаш реализација, немаш проекти, немаш доверба од народот. Единствено што имаш зад себе се лажни ветувања и аболиција за криминал.

 
 
07.10.2016 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега