Сарачини во посета на индустриската зона Визбегово

 

Денеска македонскиот министер за економија, Ваљон Сарачини, ќе ја посети индустриската зона Визбегово.

За време на посетата министерот Сарачини ќе оствари работна средба со стопанствениците од зоната заради запознавање со состојбите во индустриската зона.

На состанокот предвидено е да присуствува и Енвер Качар, претседател на Управен одбор на Индустриската зона Визбегово.

најчитано сега