Андонов: Кадровските промени се спорни по законот за Влада
Дел од темите за кадровските промени што се случија во МВР, откако на сила стапи Договорот од Пржино. Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Оливер Андонов на темата за кадровските промени што се случија во МВР, откако на сила стапи договорот од Пржино, истакна дека 15-те промени се во рамки на политичкиот договор, меѓутоа не се направени согласно закон.
„Законот е јасен и во него стои – 15 промени во вертикала согласно законот. Таму не стои согласно овој закон, односно законот за Влада, туку стои согласно законот за внатрешни работи, што е стручен закон во Министерството. Сите 11 промени што ги направи Спасовски не се проблематични од аспект на Законот за внатрешни работи, проблематични се во однос на тоа што се однесуваат директно на изборите, бидејќи имаат таква улога и тука требаше да оди систематизација и поставувања со два потписи. Јас немав дилема по ова пеашање, реков ќе го потпишам сето она што е согласно закон. Во тој аспект само едно од решенијата беше во согласност со законот, а останатите 10 беа проблематични, односно спорни по законот за внатрешни работи. Тоа значи дека сите 11 се спорни по законот за Влада каде треба и јас со свој потпис да ги потврдам. Во тие 10 решенија имаме поместувања за 12 места“, истакна Андонов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа