Прегазена жена во Скопје
Во текот на вчерашниот ден во 13 часот и 15 минути во Скопје на улицата „Војвода Васил Чакаларов“, се случила сообраќајна незгода во која 45-годишниот И.А. од селото Буковиќ-скопско управувајќи возило „Опел Астра“ со скопски регистерски ознаки, удрил во 79-годишната С.М. од Скопје.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во ГОБ„8-ми Септември“ жената била пуштена на домашно лекување.
Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
06.10.2016 - 14:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа