„Синтезис“ ја воодушевија публиката во Брисел
Синоќа во рамки на неделата на македонската култура во Брисел, групата Синтезис одржа концерт за долго паметење кој ја воодушеви бриселската публика.
Министерката Канческа-Милевска која синоќа го отвори концертот на најпопуларниот етно-состав од Македонија, со порака до присутните дека настапот на групата „Синтезис“ е една од содржините со кои се одбележуваат Деновите на македонската култура во Брисел што започнаа со изложбата на традиционална македонски носии и накит во Министерството за надворешни работи на Фландрија.
- Вечерва ви го нудиме најубавото, исконското, непроценливото македонско фолклорно богатство, ви ја нудиме македонската распеана мелодија, македонскиот ритам илустриран со звукот на традиционалните инструменти, ви ја нудиме интерпретацијата на етно-групата „Синтезис“ која е еден од нашите најголеми културни амбасадори, истакна Канческа-Милевска на отворањето на концертот чиј домаќин беше градоначалникот на бриселската општина Етербек, Винсент Де Волф.
„Помолила Бога маца“,„Во наше село, чешма шарена“ и другите хитови ја креваа на нозе публиката во салата кои по час и половина концерт ги враќаа македонски музички амбасадори и на бис.
Министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа-Милевска, утрово од Брисел замина директно за Њујорк каде продолжува со интезивната меѓународна промоција на македонската култура.
ФОТО:Утрински