Агенцијата за вработување ги отвара вратите

Преку отворени средби во сите центри за вработување Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе ги доближува услугите до невработените лица и работодавачите.

АВРМ денеска соопшти дека директорот Влатко Поповски и вработените во подрачните центри за вработување ќе бидат достапни да одговорат на сите прашања од доменот на работата на Агенцијата. 

АВРМ ги поканува сите заинтересирани невработени лица и работодавачи да ја искористат можноста за добивање информации кои се од нивен интерес.

Активноста ќе се реализира во просториите на центрите за вработување, според распоред објавен на веб страната на Агенцијата за вработување на РМ (www.avrm.gov.mk), во периодот од 10 до 16 часот.

 
 
05.10.2016 - 14:05
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега