Викендов привремен сообраќаен режим на улицата „Св. Кирил и Методиј“
Викендов на улицата „Св. Кирил и Методиј“ или поранешна „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ ќе има привремен сообраќаен режим поради изведба на атмосферска, фекална и водоводна мрежа.
Во првата фаза, како што информира Град Скопје, ќе се затворат десните две сообраќајни ленти и сообраќајот ќе биде пренасочен на третата коловозна лента, која ќе остане слободна, додека пак во втората фаза ќе се затворат двете крајни леви сообраќајни ленти, а сообраќајот ќе се одвива по десната коловозна лента.
Градските власти апелираат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат на привремено поставениот режим на сообраќај.