Отворање на постојаната организација на Балканските медицински наменски сили

Во скопската касарна „Илинден“ денеска свечено ќе биде отворена постојаната организација на Балканските медицински наменски сили во Скопје.

На отворањето, како што е најавено, ќе присуствуваат министрите за одбрана на Македонија, Зоран Јолевски, на Босна и Херцеговина, Марина Пендеш, на Словенија, Андреја Катиќ и на Србија, Зоран Џорџевиќ.

Се очекува да бидат присутни и амбасадорот на Норвешка акредитиран во Македонија, Арне Санес Бјорнстад и полковник Кевин Хил, претставник од Пентагон, САД. 

 
 
05.10.2016 - 08:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега