Како треба да се однесуваме во случај на земјотрес?

Многу е тешко да се исконтролираме, психолошкиот ефект е силен, но тоа не значи дека ние не треба да се однесуваме според препораките што ги даваат најразлични асоцијации од светот, истакна Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инжинерство.

garevski-640x390

Тој зборуваше за начинот на којшто треба да се однесуваме во случај на земјотрес.

„Основна претпоставка е дека објектите нема да се срушат. Ние гледаме секвенци од земјотреси, но најчесто се работи за несеизмички објекти, што не е случај кај нас.  Под таа претпоставка дека нашите објекти се сигурни, препораката е да не бегате надвор бидејќи многу лесно може да падне нешто ( на пример малтер) и да ве повреди, отколку да останете дома. Кога земјотресот е посилен треба да се сокриете под трпезариска маса, односно под цврсто биро и да ја наклоните главата. Масата можеби нема да нè спаси ако се сруши објектот, меѓутоа идејата е да нè спаси од евентуално паѓање на преградни ѕидови. Кога ќе заврши земјотресот препораката е веднаш да се излезе надвор и да се остане и подолго време, пред сè  бидејќи афтершоковите можат да донесат нови штети“, објасни Гаревски.

 
 
04.10.2016 - 22:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега