СИТЕЛ: Тихон - Раната на МПЦ да се залечи со помош од целото православие

Руската православна црква никогаш не се откажа од напорите за решавање  на спорот кој СПЦ и го наметна македонската православна црква. Патријархот московски и на цела Русија Кирил преку митрополитот задолжен за надворешни црковни односи на Русија  Иларион испратил порака која во Македонија ја пренесе неговиот викарен епископ Тихон . Раната која и е нанесена на Македонската црква треба со заедничка помош од целиот православен свет да биде излекувана. МПЦ има многу што да му подари на православието смета рускиот патријарх. НА промоцијата на својата книга „ Несвети а Свети “ Тихон порача дека е овој статус кво на МПЦ е апсурден и треба да се реши бидејќи духовната историја на Македонија  е богата и вредна за целиот православен свет и треба  да им биде пренесена на  сите православни браќа.

На 600 страници преку 60 пораки книгата на епископот руски е мозаик од човечки судбини  кои според  авторот се дел од  прекрасниот свет каде се живее според сосема различни закони отколку во обичниот живот. Во „Несвети а свети“ е раскажана моќната демонстрација на сила и Божјата помош.  Во романот  епископот  Тихон ги открива животите на руските монаси во овој век и сознание за величината на Црквата и нејзината спасоносна улога за секој човек.

Деновите кои ги поминал во Македонија, викарот на рускиот патријарх епископот Тихон ги опишува како денови на откритија. На прекрасни моменти на историјата, изненадувачки нијанси на земјата и прекрасни луѓе. Според него ова богатство кое го поседува Македонија треба да им биде извесно на сите православни цркви , словенскиот народ но и на сите народи. На свечената промоција присуствуваа претседателот на државата, рускиот амбасадор во Македонија, поглаварот на МПЦ и повеќе владици, академици и студенти. За време на тридневната посета во Македонија духовниот отец на рускиот претседател Путин, ги посети Лешочкиот и Бигорскиот манастир а беше и во Охрид каде посети голем број црковни храмови како и локалитетот  Плаошник. Епископот Тихон оствари средба со претседателот Иванов на чија покана дојде во земјава како и со поглаварот на МПЦ г.г Стефан.

 
 
04.10.2016 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега