ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Ова се температурите во наредните денови

Времето денес беше променливо облачно и свежо со повремен локален слаб дожд, повеќе услови имаше во западните делови на земјава. Дуваше умерен до засилен северозападен ветер од северен и северозападен правец, особено повеќе  беше изразен долж Повардарието и во источните делови на земјава, каде достигнуваше брзина до околу 50 км/час.

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и свежо. Ќе продолжи да дува умерен до засилен северозападен ветер,  особено повеќе ќе биде изразен долж Повардарието.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и посвежо од денеска за 2 до 4 степени.  Локално е можна  изолирана појава на слаб дожд, особено во западните делови на земјава.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието, во источните делови, каде наместа наместа же достигнува околу60 км/час.

Т-мин. од 3 до 10 а т-мин. 13 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и свежо за овој период. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец. 

Времето во наредните денови ќе биде под влијание на студена воздушна маса од север времето во нашава земјава ќе биде променливо облачно и релативно студено за овој период, со услови за слаб локален дожд, особено во западните делови. В петок ќе преовладува претежно облачно време а со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот и преку ноќта се очекува да бидат обилни.

 
 
04.10.2016 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега