Министерот Џафери се сретна со евроамбасадорот Жбогар

Актуелната политичка состојба во Македонија и модалитетите за нејзино надминување преку целосно ангажирање на сите фактори, биле клучните теми на кои попладнево разговарале министерот за правда Валдет Џафери и евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Како што соопшти Министерството за правда, станало збор и за обврските на Македонија кои произлегуваат од Извештајот на Прибе, како и од Венецијанската комисија.

- Предизвиците со кои се соочува Република Македонија гравитираат  околу обврските кои треба да се исполнат за членство во Европска унија и НАТО, било посочено на средбата.

Министерот Џафери изразил задоволство од досегашната  соработка и поддршката на ЕУ на патот кон реализирањето на проектите.

 
 
04.10.2016 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега