Министерот Јанакиески во посета на Илинден
Македонскиот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска ќе ја посети општината Илинден.
Министерот Јанакиески денеска ќе оствари средба со градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски.
Потоа е предвидено Јанакиески да го посети и Кадино каде што се гради фекална канализација за прифаќање и третман на отпадните води. Станува збор за проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ вреден 50.000.000 евра што го реализира Општина Илинден во соработка со Министерството за транспорт и врски.