МЗШВ: Во понеделник оглас за рехабилитација на лев магистрален канал делница Зрновци - Бурилчево

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и АД Водостопанство Македонија соопштија дека в понеделник (3 октомври) ќе биде објавен огласот за изработка на основен проект и ревизија за рехабилитација на лев магистрален канал делница Зрновци - Бурилчево.

Овој проект, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е во рамки на 10-годишната програма 2015-2025 година за рехабилитација, обнова и изградба на хидромелиоративни системи во Република Македонија.

Со оваа програма за рурален развој, како што се наведува, се предвидени да се инвестираат буџетски средства во вредност од 200 милиони евра, односно по 20 милиони евра годишно. 

 
 
30.09.2016 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега