Викендов пеколно топло - температури до 30 степени

 

Денеска времето во Македонија ќе биде топло, но облачно, со ветер од јужен правец.

Доцна попладне и во вечерните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи особено во планинските предели на Западна и Северозападна Македонија.

Најниската утринска температура ќе биде во интервал од пет до 12, а дневната од 25 до 30 степени.

Во Скопје облачно. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се спушти до околу 10, а дневната ќе достигне до 28 степени.