Утрово врие полициски специјалци под полна опрема на улиците во Скопје

Рочиштето за предметот „Диво Насеље“ ги врати специјалните единици на полицијата на скопските улици. Зградата на Врховниот каде што денеска треба да се одржи првото рочиште отворено за јавноста комплетно е опколено со полициски специјалци. Полицајци под полна опрема може да се забележат и на целата рута од истражниот затвор па се до судот.
Судењето ќе продолжи во големата сала на Врховниот суд со доказна постапка.

За потсетување, во крвавиот инцидент од 9 и 10 мај минатата година, животот го загубија 8 припадници на македонските вооружени сили, повеќе од 40 беа тешко повредени, а загинаа и 10 члена на вооружената терористичка група. 

 

 

 
 
30.09.2016 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега