Трет конгрес на геолози на Македонија

 

Над 250 геолози и експерти од Македонија и странство од денеска до 2 октомрви ќе разговараат за геологијата и општеството, фундаметалната геологија и геологијата и економијата на Третиот конгрес на геолози, што се одржува во Струга.

На конгресот ќе бидат презентирани повеќе оригинални научни трудови на различни теми, подготвени од преку 350 автори и коавтори од повеќе земји, од кои 105 објавени во зборник на 730 страници.

Теми на конгресот ќе бидат минеролошките и петролошките истражувања, металичните минерали, хидрогеологијата и состојбата со подземните води и чистата вода за пиење, како и геологијата и археологијата, додека главен акцент ќе биде на регионалната соработка и регионалните предизвици во делот на геологијата.

Како што претходно најави државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова, во фокусот на конгресот ќе биде геологијата и нејзината поврзаност со екологијата, а целта е да се покаже дека геологијата и екологијата не треба да ги гледаме затворени во рамки на еден простор и една држава, туку како нешто многу пошироко за што мора регионално и трансконтинентално да се соработува.

Конгресот на геолози го организира Македонското геолошко друштво. 

 
 
30.09.2016 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега