Груевски со преполна агенда - погледнете каде премиерот ќе го помине празникот

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска во Крушево ќе присуствува на прославата на државниот празник Илинден, 2 Август - Ден на Републиката.

Груевски, најпрвин ќе го посети споменикот „Македониум“ и каде ќе положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, претседателот на Крушевската Република. Подоцна, премиерот ќе положи цвеќе на споменикот на хероите на Слива, ќе присуствува на Панихида во црквата „Свети Никола“, ќе положи свежо цвеќе на споменикот на бранителите на Крушевската Република на Мечкин Камен и ќе има свое обраќање на општонародниот собир.

 

 

 

најчитано сега