Електричните автобуси револуционерна новина во градот Скопје

 

50- те електрични автобуси кои ги најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за градот Скопје ќе значат нула проценти загадување и дополнителна комоција и можност за превоз на граѓаните.

Со ова градот Скопје ќе се вброи во светските метрополи кои веќе користат ваков вид на превоз. Јапонија, Кина, Канада, Италија Англија, Франција се земјите кои ги ползуваат придобивките од употребата на овие автобуси. Тие не произведуваат позначаен звук и ја намалуваат бучавата, а дополнително се добива ефект на трамвај, но без дополнителните трошоци за изградба на инфраструктура и застој во сообраќајот од изградбата на таква инфраструктура.

-Набавивме електрични автомобили за градот Скопје, електрични скутери, електрични велосипеди. Јавните претпријатија набавуваат машини кои се на електричен погоден, меѓутоа сакам да најавам еден нов проект на Градот Скопје, а тоа е набавка на 50 нови целосно електрични автобуси, при што 20 ќе бидат зглобни автобуси кои ќе имаат поголем капацитет на патници, односно ќе собираат околу 140-150 и кои ќе овозможат подобра животна средина. Тие автобуси ќе сообраќаат на онаа релација која беше предвидена со трамвајот за Градот Скопје, вели градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Искуствата покажуваат дека 40.000 автобуси годишно се ставаат во употреба во Кина, ги има во Шангај, Пекинг, Шаонгаон и сите поголеми градови каде загадувањето е голем проблем.

Во Париз, Франција има цела автобуска линија каде се обраќаат автобуси кои се на струја, додека во Лондон 51 електрични автобуси се обраќаат на две автобуски линии. Во Шведска доминантно се употребуваат електричните автобуси на Волво. Вакви електрични автобуси се употребуваат и во Шпанија и Италија. На Балканот, Јавното сообраќајно претпријатие на градот Белград најави дека ќе воведе пет нови електрични автобуси на Нов Белград на линија долга 7,8 километри. Со едно полнење на батеријата таквите  електрични  автобуси кои ќе ги набави може да поминат 25 километри.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски завчера го промовираше новиот пакет мерки за автомобилизам и заштита на животна средина.

Во однос на набавката на новите електрични автобуси тој истакна дека истата би била повеќегодишна, а средствата би ги покривале заеднички владата и градот Скопје по половина.

-Со набавката на 20-те дводелни електрични автобуси ќе се постигне истиот еколошки ефект како за изградба на трамвај кој чини неколкукратно поскапо, а и трамвајот и електричниот автобус имаа речиси нула загадување. Иако се планираше, трамвајот не се реализираше само заради високата цена која ја побараа сите производители и можни концесионери, и со која за да има приближно иста цена како автобусот, требаше две третини од цената да ја субвенционира државата, што заедно со инвестицијата за копање и поставување шини, како и набавка на возилата трамвај, ќе ја чинеше државата годишна субвенција меѓу 11 и 14 милиони евра во период од 30 години. Тоа беше крајно неисплатливо, и затоа не се реализира, и покрај нашите големи обиди и разговори со многу производители. За разлика од тоа, набавката на 20 те зглобни дводелни електрични автобуси со дизајн на трамвај, не само што ќе го постигне истиот еколошки ефект, истиот број на кабини со ист број патници во него, истата брзина овозможена со резервираната лента, исто како кај трамвајот, удобност и слично, туку што е клучна разлика ќе избегне раскопување на целиот град во период од неколку години и побрза реализација и најважно цена за се на се, само околу 12 милиони евра, проценета вредност, кои ќе се исплаќаат во неколку годишни рати. Дополнително ЈСП ќе нема трошоци за гориво. Понуда од ваков тип ќе биде овозможена и на другите општини кои имаат јавен градски превоз, истакна Груевски.

 
 
28.09.2016 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега