Охриѓани и стружани подготвија 1.500 килограми зимница за Бигорскиот манастир

Над еден тон и петстотини килограми пиперки подготвиле  и конзервирале верници од Струга и од Охрид со намена за помош на монасите и монахињите од Бигорскиот и од манастирот во Рајчица.

Станува збор за самоиницијатива на голем број верници кои викендов во дворот на црквата „Света Троица“ во охридската населба Црногорци ја приготвиле зимницата за Бигорската обител. Во подготовката учествувале доброволци од Охрид и Струга заедно со своите семејства.

-Со божја помош, трет ден работа се радуваме со помошта на најмладите, Бог од сите страни доведе луѓе верници за помош на обителта Бигорска. Светиот Јован Крстител да ги украси со неовенлив венец оние кој неуморно веќе трет ден со исполнети срца работат на хуманата акција, велат иницијаторите на акцијата за помош на Бигорската Обител.

извор: Религија.мк

 
 
27.09.2016 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега