Какво време не очекува до крајот на неделата?

Времето денеска во поголемиот дел од земјава беше сончево и топло, а во западните и крајните источни делови со мала до умерена локална облачност. Дуваше  слаб ветер од југозападен и  северозападен правец.

До крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од југозападен и северозападен правец. Во текот на ноќта времето ќе биде ведро и свежо  со слаб ветер од променлив правец.

 

Утре не очекува претежно сончево со слаб променлив ветер. Т-мин. од 1 до 10 а дневната највисока температура на воздухот од  20 до 27 степени.

 

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северозападен правец. Т-рите од 6 / 23 степени.

Во текот на наредните денови ќе се задржи претежно сончево време со свежи утра. До недела дневната температура ќе биде во пораст.

 
 
27.09.2016 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега